• en
  • mk
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Членство
    • За граѓаните
    • За локалната самоуправа
  • Медиуми
    • Соопштенија
    • Пакомак во медиумите
  • Настани
  • Галерија
  • Закони
  • Pro Europe
  • Оператори
  • Клиенти
  • Контакт
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011

2011

ПРЕС KОНФЕРЕНЦИЈА – 14.10.2011

На 14 октомври 2011 година, во хотелот Холидај Ин беше одржана прес конференција на која директорот на Пакомак г-динот Филип Ивановски и претставникот од PRO Europe г-динот Кристијан Штиглиц ги презентираа резултатите од досегашното работење на Пакомак, како и искуствата од досегашното спроведување на Законот за управување со отпад од амбалажа.

ПАКОМАК НА CINEDAYS

Оваа година Пакомак беше покровител и на десетиот филмски феситвал на Европски филм CINEDAYS кој се одржа од 10 до 20 ноември 2011 година. Во рамки на фестивалот беше промовиран и наградниот конкурс на Пакомак за изработка на уметнички дела од отпад од амбалажа – Trash for art.

НАГРАДЕН КОНКУРС TRASH FOR ART

Повеќе од 130 учесници во нашиот награден конкурс Trash for art ја пронајдоа убавината онаму каде што другите гледаат само отпад и создадоа уметнички дела.

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите дела и имаше нависитна тешка задача, со оглед на тоа дека на конкурсот беа пристигнати навистина интересни дела создадени со многу труд и креативност.

Па затоа, одлучи наместо 3 да додели 5 награди: една прва награда (во износ од 1000 евра, две втори награди (секоја во износ од 300 евра) и две трети награди (секоја во износ од 150 евра).

Прва награда: бр.005 “Мече” – дело на учениците од СУГС “Никола Карев” од Скопје
Втора награда: бр.009 – дело на Дарко Базерко од Скопје
Втора награда: бр.048 – дело на Стефан Димовски од Скопје
Трета награда: бр. 010 – дело на Лидија Крстеска од Скопје
Трета награда: бр.110 –дело на Никола Јакимовски од Скопје

СЕМИНАРИ ЗА ОБУКА НА НОВИ КЛИЕНТИ

Во хотелот Белви, на 15.06.2011, беше одржан првиот семинар за претставување на Пакомак на потенцијалните клиенти, како и за обука на новите компании -членки, на кој присуствуваа претставници на околу 100 компании. На средбата, на која беа присутни и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, беа објаснети обврските од Законот за пакување, предностите од членството во Пакомак, начинот на зачленување во Пакомак, начините на пополнување на обрасците определни со Законот итн. Во јуни и јули, во хотелот Континентал, беа дополнително одржани уште 3 обуки за нови клиенти на кои присуствуваа повеќе од 150 компании.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО PRO EUROPE

На 20.05.2011, во ресторанот „Воденица”, беше одржана прес-конференција по повод потпишувањето на договорот со групацијата PRO Europe, со што Пакомак се приклучи во интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад. Со зачленувањето во PRO Europe, Пакомак доби лиценца за користење и примена на општоприфатениот симбол Green Dot.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВРАЧУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

На 06.02.2011, во хотелот Александар Палас, беше одржана прес-конференција на која министерот за животна средина и просторно планирање, д-р Неџати Јакупи, официјално ја врачи дозволата за работа на „Пакомак”. Со тоа, Пакомак стана првата компанија кај нас, која официјално, согласно новиот Закон за пакување и отпад од пакување, поседува дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи.