• en
  • mk
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Членство
    • За граѓаните
    • За локалната самоуправа
  • Медиуми
    • Соопштенија
    • Пакомак во медиумите
  • Настани
  • Галерија
  • Закони
  • Pro Europe
  • Оператори
  • Клиенти
  • Контакт
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011

2012

информатор Бр.1
информатор Бр.2
информатор Бр.3
информатор Бр.4


ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА 2011 ГОДИНА

Основачи на компанијата Пакомак се 11 водечки производствени компании во Македонија кои заедно создадоа систем за управување со пакувањето и со отпадот од пакување. Во текот на 2011 година, па сè до март 2012, во системот на Пакомак се вклучија повеќе од 490 компании-членки. Клиентите на Пакомак, во однос на количините на отпад од амбалажа пуштени на македонскиот пазар, учествуваа со 42%. Во однос на собраните, селектираните и транспортираните количини на рециклирање, Пакомак однесе на рециклирање за 22% повеќе амбалажен отпад од тоа што беа законските национални цели за 2011 година. Иако се генерираа дополнителни трошоци за ПАКОМАК, како општествено одговорна компанија која настапува во име на своите клиенти, го потврдивме принципот на непрофитабилност како основен во своето работење. Годишниот извештај на Пакомак, во кој беа наведени количините од отпад од амбалажа на своите клиенти, беше одобрен од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање. Со овие активности Пакомак ги оствари зацртаните национални цели за 2011 година.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОЕФИКАСНО МЕНАЏИРАЊЕ НА АМБАЛАЖНИОТ ОТПАД

На 30-ти и 31-ви јануари во хотелот Холидеј Ин, во организација на Пакомак, се одржа работлиница на тема “Поефикасно менаџирање со амбалажниот отпад”. На работилницата присуствуваа 9 компании за управување со отпад од: Македонија, Бугарија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Романија и Белгија. Работилницата беше можност да се разменат искуства и да се дискутира за пронаоѓањето начини за поефективна соработка со компаниите и општините, како и за подигнување на свеста на граѓаните за селекцијата на амбалажниот отпад.

СЕМИНАР ВО БРИСЕЛ НА ТЕМА “WASTE PREVENTION IN PRACTICE”

Претставници од Пакомак присуствуваа на семинарот којшто се одржа во Брисел, на тема “Waste Prevention in Practice”. На семинарот беа присутни претставници од сите водечки компании за управување со отпад од амбалажа од европските земји и фирми кои што ги презентираа своите практични активности на оваа тема.

Во рамките на семинарот беа обработени 4 теми: Превенција од создавање отпад – Како животниот стил на луѓето влијае на отпадот Интеграција – Отпадот како дел од интегриран систем Одговорност – Намалување на отпадот како крајна цел Искуство – Практични примери од учесниците на семинарот

Споделеното искуство на овој семинар ќе придонесе за поефикасно менаџирање на отпадот во системот на Пакомак и изработка на предлог- програма за клиентите на Пакомак за спречување и превенција на создавање на отпад од пакување.

КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУГАРИЈА НА ТЕМА “WASTE MANAGEMENT, RECUCLING & ENVIRONMENT”

На конференцијата одржана во Бугарија на тема “Waste management, recycling & environment” учествуваа и претставници од Пакомак

На оваа конференција беа споделени искуства од балканските земји, но и од светот, поврзани со проблематиката на менаџирање на отпадот. Се говореше за проблемот на депониите, технологиите за обновување на енергијата, превенција на отпадот и негово рециклирање.

`Здобиените искуства од конференцијата се наш патоказ кон идното, поефективно работење на компанијата.

ИЗЛОЖБА TRASH FOR ART ВО ВЕРО ЦЕНТАРОТ, РАМСТОР И МЕКДОНАЛДС

Минатата година Пакомак организираше награден конкурс Trash for art во кој земаа учество повеќе од 130 учесници. Тие создадоа уметнички дела од амбалажен отпад, пронаоѓајќи убавина онаму каде што другите гледаат само отпад.

Жири комисијата ги прогласи најдобрите 5 дела и истите беа наградени. Главната награда ја освоија учениците од гимназијата “Никола Карев” со своето дело “Мече”, направено од пластични шишиња и капачиња.

За да ги промовира наградените дела, Пакомак истите ги изложи во Веро Центарот во периодот од 12 до 22 јануари. По завршувањето на оваа изложба, делата беа пренесени во трговскиот центар “Ramstore”, а нивната промоција продолжи и во рестораните на McDonalds во Скопје. Преку овие изложби, голем број посетители беа информирани за акцијата Trash for art на Пакомак, но добија и порака за тоа колку е важна грижата за нашата животна средина. Делата беа вистински пример за тоа дека со малку фантазија искористените амбалажи може да се искористат повторно и наместо отпад, од нив да се создаде уметничко дело.

ПРОМОЦИИ И НАГРАДИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ ВО ЕДУКАТИВНАТЕ ЕКО-ИГРА “GREEN TEAM”

Во текот на февруари беа организирани интерактивни промоции за новата едукативна игра на Пакомак “Green Team”, наменета за деца од претшколска и школска возраст.

Промоциите се одржаа во трговските центри “Веро центар” и “Рамстор”, како и во рестораните на McDonalds. Со нив, децата преку игра научија како да се грижат за животната средина, виртуелно вежбајќи како одвоено се собира амбалажниот отпад. ПАКОМАК со своите идни активности ќе направи наученото од оваа игра, децата да може да го применат во своите училишта и домови преку поставување на канти и контејнери за одвоено собирање на амбалажниот отпад од пластика, хартија и лименки.

До крајот на февруари играта беше активна на сајтот на Пакомак и тука децата можеа да се натпреваруваат за интересни награди. Тие го собираа и селектираа отпадот за да соберат доволно поени и да бидат меѓу најдобрите “екологисти”. Најдобрите 20 учесници добија интересни награди, а најсреќен од нив беше Теодор Бојаџиевски кој ја освои главната награда – лаптоп.

ПАКОМАК ЕКО–ЕДУКАЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Пакомак, заедно со здружението за заштита на животната средина и просторно планирање, ПЛАНКТОНИУМ, од 6-ти март до 4-ти април организираа еко-предавања во следните основни училишта на територијата на Општина Центар: Кирил и Методиј, 11 Октомври, Коле Неделковски, Кочо Рацин, Јохан Хајнрих Песталоци, Димитар Миладинов и Гоце Делчев. Овие предавања ги посетија вкупно 1500 деца. Предавањата продолжија и во градинките Пинокио, Пепелашка и Палеска од истата општина, а на нив присуствуваа вкупно 300 деца. Се работеше за акцијата „Биди ин, користи рисајкл бин“, чија цел беше подигнување на еколошката свест кај младите и нивно едуцирање за процесот на собирање, селекција и рециклирање на амбалажн иот отпад, како и за придобивките од таквиот одговорен однос.

Во склоп на еко-акцијата, Пакомак ги обезбеди училиштата и градинките со сет од различни канти за отпадоци. Следејќи ги правилата за селекција, децата ќе можат да го сортираат отпадот и да го фрлаат во корпата која е наменета за одредениот рециклажен материјал.

Едукацијата беше спроведена преку интерактивна презентација на интересни содржини прилагодени на возраста на децата и практично презентирање на кантите за соодветен вид на отпад.

БАЛКАНСКА ЗЕЛЕНА ЛОБИ ГРУПА

Пакомак и даде поддршка на Балканската зелена лоби група чија цел е во Парламентот на РМ да придонесе за усвојување на закони за заштита и унапредување на животната средина и одржливиот развој.

Балканската зелена лоби група, покрај со Пакомак, соработува и со сите граѓански организации кои работат на полето на животната средина, со цел владините институции и невладините организации да им стават поголем акцент на проблемите поврзани со загадувањето на природата.

ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ

Во периодот од 31.3.2012 до 1.4.2012 година на реката Треска во СРЦ Матка се одржа 44-от Илинденски кајак слалом. Спортот кој се одвива на диви и мирни води, своите почетоци ги има уште во далечната 1936 година.

Пакомак го поддржа овој 44-ти слалом по ред, во организација на Кајакарската Федерација на Македонија и кајакарските клубови, со цел да се промовира спортот во природата и да се развие свеста за потребата истата да се зачувува од загадување со отпад и отпадни материи.

ПРОЕКТ “НАШАТА ЗЕЛЕНА ГРАНИЦА ”

Агенција за спорт и млади и Министерството за животна средина го организираа проектот “Нашата зелена граница”, во кој беа чистени од отпад од амбалажа граничните премини: Деве Баир, Богородица, Ќафасан и крајбрежјето на реката Радика и езерото Матка.

Пакомак ја поддржа оваа акција и даде свој придонес преку донирање на опрема за собирање на отпадот.