• en
  • mk
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Членство
    • За граѓаните
    • За локалната самоуправа
  • Медиуми
    • Соопштенија
    • Пакомак во медиумите
  • Настани
  • Галерија
  • Закони
  • Pro Europe
  • Оператори
  • Клиенти
  • Контакт
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011

2018

информатор Бр.25
информатор Бр.26
информатор Бр.27


ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАДОТ

Под мотото „Европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпадот – сега и во иднина“ во Стопанската комора на Македонија се одржа прва меѓународна конференција во организација на Асоцијацијата за управување на посебните текови на отпадот.

На конференцијата учествуваа претставници од Владата, МЖСПП, ДИЖС како и на ЗЕЛС како асоцијација на општините. Членки на Асоцијацијата за управување на посебните текови на отпадот се компаниите за управување отпад од пакување „Пакомак“ и „Еуро-екопак“, како и компаниите за управување батерии, акумулатори и електричен и електронски отпад „Нула отпад“, „Елколект“, „Екон електрон“ и „Таб-Мак“. Како самостоен постапувач со отпад член е и цементарницата „Усје“.

Македонските претставници, заедно со директори на најголемите компании - колективни постапувачи од Германија, Чешка, Бугарија и од ЕКСПРА (асоцијацијата на колективни постапувачи со седиште во Брисел), дискутираа и разменуваа искуства поврзани со моделите за ефикасно управување на посебните текови на отпадот.

Учесниците ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат, посебно ставајќи акцент на важноста од соработката со општините, и потребата од ефикасни инспекциски контроли од државните органи со цел доследно применување на законските обврски поврзани со посебните текови на отпадот.

МАГИОНИЧАРСКА ПРЕТСТАВА „ХОКУС ПОКУС, РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е ВО ФОКУС“

Во февруари почна проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, кој „Пакомак“ го осмисли заедно со познатиот магионичар Кристиан Шопов, а е наменет за децата од предучилишна и од училишна возраст. Во овој проект, преку забавна магионичарска претстава и интересни трикови, децата учат за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина.

Планирано е претставата да се одржи во осум општини на територијата на град Скопје, а од септември карванот да продолжи низ цела Македонија.

OСВЕЖЕН ИЗГЛЕД НА КАНТИТЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО „СИТИ МОЛ“

„Пакомак“ и годинава ја продолжи својата соработка со „Сити мол“ со заедничка мисија за едуцирање на населението да создаде навика за селектирање во секој сегмент од живот, дури и кога оди на пазарување. Затоа, оваа година работиме на нов, освежен изглед на кантите за селекција на отпад во „Сити мол“, за уште поедноставно распознавање на типот отпад што треба да се селектира.

МАПА НА ПОСТАВЕНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД

На почеток на годината „Пакомак“ изврши бележење на мапа на поставените контејнери за селекција на стаклен отпад во Скопје. За Струмица, Гевгелија и за Дојран, во соработка со Здружението „Рефлексија“ од Струмица www.refleksija.mk, се изработи мапа на контејнери за селекција на стаклен отпад, на хартија и композит и на пластика и лименки.

Веруваме дека оваа вест ќе израдува многумина совесни граѓани во државата, а ќе им помогне на тие што допрва стануваат свесни за својата незаменлива улога во одржувањето на животната средина.

Мапите со контејнерите за селекција на отпад се објавени на веб-страницата на „Пакомак“ и може слободно да се презема и да се споделува. Ова е уште една алатка со која граѓаните брзо и едноставно ќе се информираат каде во нивна близина има контејнери за селекција на отпад и, секако, ќе го поттикне селектирањето.

МУЗИЧКА ЕКСКУРЗИЈА СО „ПАКОМАК“

На 3 март во големата сала на Македонската филхармонија се одржа концерт за деца под наслов „Музичка екскурзија со ’Пакомак‘“, на кој како аниматор се претстави познатиот водител на детски емисии Ивце Пивце.

Диригент на концертот беше маестро Фи Фи Ле, а беа изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, Сметана... Приказната зборува за група ученици што одат на екскурзија и за нивните перипетии по патот, а целиот концерт „Музичка екскурзија со ’Пакомак‘“, како што кажува и самиот наслов, е посветен на екологијата. Пред полната сала се зборуваше за чиста природа, за соживот на растителниот и на животинскиот свет, за чување на нашата околина... Прекрасен проект со кој и музиката и екологијата се доближуваат на еден несекојдневен начин.

ПОДДРШКА НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ПОТОЧИЊА“

Како и досега, и оваа година „Пакомак“ беше дел од јубилејното издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

Овој март нови генерации дечиња преку игра и песна научија за важноста и за улогата на секое од нив во зачувувањето на животната средина, што е и суштината на самиот фестивал, а „Пакомак“ се радува што придонесува за екоедукацијата на најмладите и ја гледа иднината токму во овие насмеани лица.

ЕКОПРЕТСТАВАТА „ХОКУС ПОКУС“ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Во март „Пакомак“ и магионичарот Кристиан почнаа со изведба на својата екопретстава во основните училишта од општина Аеродром. Екопретставата „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“ е наменета за сите дечиња и за нивните родители, а во овие две општини се покажа како многу успешна, што е дополнителен мотив за уште поголема енергија во следните претстави низ општините во Скопје и во Македонија.

Дечињата од основните училишта од Аеродром преку забавни магионичарски трикови научија како со правилна селекција да направат отпадот да исчезне, а информациите кога да ја очекувате магијата и во вашата општина се наоѓаат на веб-страниците и на профилите на „Фејсбук“ на „Пакомак“ и на магионичарот Кристиан Шопов.