• en
  • mk
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Членство
    • За граѓаните
    • За локалната самоуправа
  • Медиуми
    • Соопштенија
    • Пакомак во медиумите
  • Настани
  • Галерија
  • Закони
  • Pro Europe
  • Оператори
  • Клиенти
  • Контакт
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011

2015

информатор Бр.13
информатор Бр.14
информатор Бр.15
информатор Бр.16


ДОСТАВЕН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ДО МЖСПП

Во март Пакомак го достави годишниот извештај до Министерството за животна средина и просторно планирање за постапувањето со отпад во 2014 година. Пакомак веќе четврта година по ред не само што ги остварува, туку и ги надминува поставените национални цели. Ќе продолжиме со позитивни резултати и во иднина да ги исполнуваме условите за работа, а со тоа да им ја гарантираме сигурноста на сите наши клиенти.

Во 2014 година преку својот систем за управување и постапување со отпад од пакување, вклучивме над 735 компании кои, согласно нивните доставени месечни извештаи, пуштаат на домашниот пазар над 42.000 тони амбалажен отпад. Постигнавме стапка на собирање и рециклирање од 27.4% во однос на пријавените 42.000 тони отпад од пакување од нашите клиенти, односно на рециклирање беа однесени над 11.500 тони амбалажен отпад. Нема да го прекинеме кругот на рециклирањето ни во 2015 година и секогаш ќе бидеме вашето сигурно, ефикасно и квалитетно бизнис-решение за менаџирање на амбалажниот отпад.

Пакомак ДОО го исполни условот за задржување на Дозволата за постапување со отпад од пакување, согласно наведениот член 21 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Тоа е сигурна потврда дека вашата компанија е секогаш во согласност со законските обврски.

ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА

Пакомак непрекинато ја развива комуналната инфраструктура во Р. Македонија. Донациите на канти и контејнери во градовите и населените места низ земјата имаат за цел да го направат селектирањето и рециклирањето на амбалажниот отпад лесно достапно за сите.

Во периодот од 1 јануари до 31 март 2015 беа донирани жолти контејнери од 1,1 m3 за собирање ПЕТ амбалажа и лименки во следните градови:
- 30 жолти контејнери во Штип
- 20 жолти контејнери во Охрид
- 20 жолти контејнери во Битола
- 10 жолти контејнери во општина Ранковце

Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминува над 42.000 тони амбалажен отпад годишно. Подобрувањето на комуналната инфраструктура не само што ќе помогне за полесно селектирање и рециклирање на отпадот, туку ќе придонесе и за зголемување на еколошката свест во јавноста.

ИЗЛОЖБА TRASH FOR ART ВО ВЕРО И РАМСТОР

Компанијата Пакомак во декември го распиша конкурсот „Trash for аrt 2014“ во кој беа пријавени над 160 уметнички дела. Победничките дела и делата-финалисти во месец јануари беа изложени во Веро-центарот и ТЦ Рамстор.

Посетителите во овие два трговски центри имаа можност да ја погледнат поставената изложба и да се уверат дека амбалажниот отпад со малку фантазија може да се претвори во вистинска уметност.

Целта на изложбата беше да ја подигне еколошката свест во јавноста и истовремено да ги мотивира сите оние кои ќе ги видат делата од „Trash for art 2014“ - да го селектираат и рециклираат својот амбалажен отпад. Амбалажата што има минато, може да има и иднина. Само со мала промена на навиките, ќе го продолжиме кругот на рециклирањето и со тоа амбалажата наместо како отпад на депониите, ќе заврши како нов производ.

УЧИЛИШНИОТ ПРОЕКТ „3Д ЕКОБУС“ ПРОДОЛЖУВА ВО НОВИ ОПШТИНИ

Училишниот проект „3Д ЕКОБУС“ во јануари продолжи да се одвива во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба. Во овие 3 општини беа опфатени над 8200 ученици од основните училишта со едукативна и интерактивна екопрограма.

Во автобусот, стациониран во близина на училиштата, беше организирана 40-минутна 3Д инерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест за учениците и наставниците. Сите реакции по завршувањето на презентацијата беа позитивни. Наставниците изјавија:

- „Одлично замислен и реализиран проект, секогаш имаме одлична соработка со Пакомак, само така продолжете!“;

- „Низ забава полесно се учи, визуелно подолго се памети. Ова ќе биде дополнителна мотивација за примена на наученото.“

- „Хиперхеројска презентација, едукативна, невообичаена. Низ забава полесно се учи, визуелно подолго се памети“

Пакомак ќе продолжи со едукативните проекти и во другите општини за да им помогне на децата да формираат навики за секојдневно одговорно однесување кон околината.

ИНИЦИЈАТИВА ДЕН БЕЗ ПЕЧАТЕЊЕ

Пакомак, заедно со своите 735 компании-членки, за прв пат во нашата земја организираа ден без печатење. Во петок на 27 февруари тие ја повикаа јавноста и останатите компании да ги „исклучат“ своите печатачи на работа, дома и секаде каде што ќе ги сретнат со цел да се создаде еден поубав и позелен свет во кој сите ќе живееме.

„И покрај тоа што нашата компанија се занимава со менаџирање на амбалажниот отпад и нашата примарна дејност има високи еколошки цели, сепак сметавме дека можеме дополнително да придонесеме за подигнување на самосвеста кај пошироката јавност за секојдневните рутини и навики кои ги имаме и каков импакт тие оставаат врз средината во која живееме. Решивме да го направиме првиот ден, каде што со само еден клик на глувчето може многу да се направи и да се помогне за сочувување на животната средина. Со оваа екоиницијатива сакавме да потенцираме дека секое заштедено парче хартија спасува дрво“, изјави Филип Ивановски, директор на Пакомак.

СОРАБОТКА СО CITY MALL ЗА 8 МАРТ

Пакомак, во соработка со Клубот на жени на Skopje City Mall, на посетителите во трговскиот центар им подели семе за цвеќе по повод празникот на жената - 8 март.

Семето за цвеќе, заедно со пораката „Од зелен дом до зелен свет“, имаше за цел да ја подигне еколошката свест, како и да развие поголема грижа за животната средина кај посетителите. Компанијата и во иднина ќе продолжи со активности кои ќе ги промовираат добрите еконавики кај граѓаните затоа што само заедно може да создадеме „зелена“ иднина за сите нас.

ОТВОРЕН Е ЕКОПАРК НА ВОДНО

Пакомак на Средно Водно, во близина на жичницата „Милениумски крст“ го отвори првиот едукативен екопарк во соработка со Прокредит банка, ЈП „Паркови и зеленило“, Град Скопје, како и децата и наставниците од 60 основни училишта од Скопје.

Екопаркот се простира на површина од над 1.000 квадратни метри и во него посетителите може да уживаат во природните убавини на парк-шумата Водно, но во исто време да научат повеќе за рециклирањето и за историјата на местото на кое што се наоѓаат.

Учениците од скопските основни училишта, кои редовно го рециклираат пластичниот отпад, во паркот засадија 60 нови садници од зимзелени дрвја кои ќе останат во наследство на генерациите кои доаѓаат. Дополнително, во паркот беа поставени табли со еко-пораки, канти за селективно фрлање на отпадот, но и табли на кои е испишана хронологијата на градот Скопје од 4 милениум п.н.е. па сè до денес.

Овој проект, покрај својот едукативен карактер, има за цел да ја зачува природната убавина на местата кои ги посетуваат скопјани, а долгорочно и да се спречи загадувањето и да се зачува биодиверзитетот на Водно.

НОВИ ЕКО-КАФУЛИЊА И ЕКО-РЕСТОРАНИ ВО СКОПЈЕ

Нови триесетина скопски кафулиња и ресторани станаа дел од еко-акцијата на Пакомак „Аre you recycling?“. Вработените во овие објекти отсега ќе ја селектираат амбалажата од пијалаците во кантите на Пакомак и со тоа ќе придонесат истата да биде однесена на рециклирање, наместо да заврши како отпад.

Сите еко-кафулиња и еко-ресторани имаат интересен еко-брендинг чија цел е да ја подигне еколошката свест кај гостите во овие угостителски објекти.

До сега се собираа над 6 тони стаклен отпад месечно од постоечките 30 кафулиња и ресторани, а со новите 30 се очекува таа бројка да стане двојно поголема. Во овие кафулиња и ресторани Пакомак ќе организира еко-забави кои дополнително ќе ја зацврстуваат еколошката свест кај граѓаните.

Бројот на еко-кафулиња и еко-ресторани и во иднина ќе расте, а со тоа и грижата за животната средина во нашиот главен град.

ПРОЛЕТЕН „ПРВ ДО ВРВ“

Спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“ се одржа на 22 март по повод почетокот на пролеттa и истиот беше поддржан од Пакомак.

Над 2.000 учесници го искачија врвот на Водно со планинарење и велосипеди, стартувајќи во 9 часот пред ОУ Кочо Рацин. На целта ги очекуваше забава со диџеј, а најбрзите добија подарок книга за здрав живот и исхрана. Поставените канти на Пакомак на врвот на Водно беа еко-потсетник за учесниците да внимаваат каде го фрлаат својот амбалажен отпад.

До сега се собираа над 6 тони стаклен отпад месечно од постоечките 30 кафулиња и ресторани, а со новите 30 се очекува таа бројка да стане двојно поголема. Во овие кафулиња и ресторани Пакомак ќе организира еко-забави кои дополнително ќе ја зацврстуваат еколошката свест кај граѓаните.

Пакомак и понатаму ќе продолжи да поттикнува здрав и активен живот, да ги јакне еколошките навики и да ги обединува граѓаните во идејата за спортско и рекреативно уживање на природните убавини на нашата земја.