2016
ПОСЕТА НА СЛОПАК – ПАРТНЕРСКА ФИРМА ОД СЛОВЕНИЈА |
Пакомак во февруари беше во посета на „Слопак“ - партнерска фирма од Словенија. Посетата беше искористена за да се разменат искуства и позитивни резултати од системот на менаџирање на амбалажниот отпад во двете земји. Пакомак ја посети и тамошната фабрика за обработка на амбалажен отпад „RCERO“ која е доказ за тоа колку е поразвиена свеста за рециклирањето во Словенија. Фабриката секоја година обработува и произведува:
Здобиените искуства од посетата се наш патоказ кон поефективно работење и поупорно јакнење на еколошката свест кај јавноста во иднина. |
ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА |
Пакомак непрекинато ја развива комуналната инфраструктура во Р. Македонија. Донациите на канти и контејнери во градовите и населените места, како и на јавните површини имаат за цел да го направат селектирањето и рециклирањето на амбалажниот отпад лесно достапно за сите. Во изминатите 3 месеци беа поставени канти за селектирано одложување на отпадот на следните локации:
Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминува над 43.000 тони амбалажен отпад годишно. Подобрувањето на комуналната инфраструктура не само што ќе помогне за полесно селектирање и рециклирање на отпадот, туку ќе придонесе и за зголемување на еколошката свест во јавноста. |
ИЗЛОЖБА TRASH FOR ART ВО ВЕРО И РАМСТОР |
Компанијата Пакомак во ноември го распиша конкурсот „Trash for аrt 2015“ во кој беа пријавени над 110 уметнички дела. Победничките дела и делата-финалисти во јануари и февруари беа изложени во Веро-центарот и Рамстор Мол. Посетителите во двата трговски центри имаа можност да ја погледнат поставената изложба и да се уверат дека амбалажниот отпад, со малку фантазија, може да раскаже сосема нова приказна. Целта на изложбата беше да ја подигне еколошката свест во јавноста и истовремено да ги мотивира сите оние кои ќе ги видат делата од „Trash for art 2015“ - да го селектираат и рециклираат својот амбалажен отпад. Амбалажата што има минато, може да има и иднина само доколку сите ние ги промениме нашите навики и започнеме да го фрламе отпадот во соодветните канти и контејнери, поставени од Пакомак. |
ПОДАРОЦИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ОКОЛИНА, ЧИСТО УЧИЛИШТЕ, ЧИСТИ РАЦЕ“ |
Повеќе од 3900 наставници, вработени во училиштата на осум скопски општини, добија персонализиран подарок од Пакомак како благодарност за нивното активно учество во проектот „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“. Секој наставник/наставничка доби шолја со своето лично име и со порака „Селектираме и рециклираме заедно“. Пакомак како компанија е свесна за заложбите на секој наставник во проектот и затоа на овој начин им се заблагодари за напорите што ги прават за да формираат кај децата навики за секојдневно одговорно однесување кон околината. |
СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТАТА ОД ЧАИР И БУТЕЛ |
Основните училишта од скопските општини Чаир и Бутел се приклучија во двата едукативни проекти на Пакомак: „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“ и „3Д екобус“. Во 16 основни училишта од овие општини, во кои учат повеќе од 12.300 деца, Пакомак постави жолти контејнери за собирање на пластична ПЕТ-амбалажа, како и апарати за течен сапун во тоалетите. За собраниот пластичен отпад во секое училиште, Пакомак ќе донира течен сапун, трошок што до сега беше на товар на родителите. Резултатите од проектот постојано се подобруваат, па компанијата се надева дека оваа училишна година ќе биде надмината бројката од 1,5 милиони пластични шишиња кои се собраа лани. Паралелно со овој проект, Пакомак во училиштата на двете скопски општини започна со предавања кои на децата им се одржуваат во 3Д екобусот. Предавањата ги води миленикот на децата Ивце Пивце и истите се состојат од 40-минутна 3Д обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест. Преку една неформална презентација, прилагодена на нивната возраст, децата ќе имаат можност да се здобијат со знаења од областа на екологијата, како и за важноста на одделното собирање на отпадоците. |
ПАКОМАК СО ЕКОПОРАКИ НА АПЛИКАЦИЈАТА „МОЈ ВОЗДУХ“ |
Рециклирањето на амбалажниот отпад помага многу за почист воздух затоа што при неговото разградување во природата тој испушта јаглерод диоксид (CO2), метан (CH4) и други штетни гасови во воздухот. За да ја промовира оваа придобивка од рециклирањето, Пакомак започна соработка со популарната апликација „Мој воздух“. Апликацијата го прикажува квалитетот на воздухот од сите 17 мерни станици во Македонија и веќе има 10.000 корисници. Сега, покрај квалитетот на воздухот, корисниците на апликацијата ќе имаат можност да прочитаат интересни екопораки од Пакомак и доколку сакаат – да се информираат повеќе за важноста на рециклирањето на сајтот на компанијата www.pakomak.com.mk. Пакомак и во иднина ќе бара нови начини, медиуми и средства за промоција на селектираното фрлање на отпадот, сѐ додека ваквата пракса не стане навика во секое домаќинство во нашата земја. |
ПАКОМАК ГО ПОДДРЖА ФЕСТИВАЛОТ „ПОТОЧИЊА“ |
На 27 и 28 март 2016 година се оддржа детскиот музички фестивал „Поточиња“ во Македонска опера и балет и Пакомак повторно се вклучи со забавни, но истовремено и едукативни активности за децата. Беа изведени неколку песни на тема екологија, а децата имаа можност да се сликаат како хероите од 3Д екобусот – Пластиција, Стаклиор и Хартиус. Пакомак верува дека здравите еколошки навики се формираат од најрана возраст и затоа постојано, преку забавни екоактивности, ги учи децата колку е важно да го селектираат и рециклираат својот отпад. |
БРЕНДИРАЊЕ НА МАРКЕТОТ „ГРАНАП“ |
Маркетот „Гранап“ во Кисела Вода и Пакомак остварија соработка, па компанијата ги брендираше количките и кошниците за купување со прашањето „Каде ќе заврши отпадот од производите што ги купивте?“ Заедно со екопораката „Не го прекинувај кругот“ овој брендинг има за цел да ги потсети сите купувачи во „Гранап“ да го селектираат и рециклираат својот отпад за да придонесат за почиста животна средина. Пакомак и во иднина ќе продолжи со вакви соработки кои придонесуваат за јакнење на еколошката свест кај пошироката јавност. |
НОВИ ЕКО-КАФУЛИЊА И ЕКО-РЕСТОРАНИ ВО СКОПЈЕ |
Нови скопски кафулиња и ресторани станаа дел од еко-акцијата на Пакомак „Аre you recycling?“. Вработените во овие објекти отсега ќе ја селектираат амбалажата од пијалаците во кантите на Пакомак и со тоа ќе придонесат истата да биде однесена на рециклирање, наместо да заврши како отпад. Вкупно 150 објекти се вклучени во овој проект и од истите се собира повеќе од 35 тони стаклена амбалажа месечно. Сите имаат интересен еко-брендинг чија цел е да ја подигне еколошката свест кај гостите во овие угостителски објекти. Бројот на еко-кафулиња и еко-ресторани и во иднина ќе расте, а со тоа и грижата за животната средина во нашиот главен град. |
ПРОЕКТОТ „3Д ЕКОБУС“ СЕГА И ВО ТЕТОВО |
Училишниот проект „3Д ЕКОБУС“ од месец март започна да се одвива и во основните учлишта во Тетово. Преку инерактивна 3Д обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест децата ќе имаат можност да научат повеќе за важноста од селектирањето и рециклирањето на отпадот, а едукативните екопораки ќе им ги пренесат екохероите на Пакомак - Пластиција, Стаклиор и Хартиус. Како и во сите училишта досега, проектот е одлично прифатен од учениците и наставниот кадар во Тетово. Пакомак ќе го продолжи овој проект и низ останатите градови на Р. Македонија затоа што децата се нашата иднина и важно е да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеаат утре во почиста животна средина. |