• en
  • mk
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
    • Членство
    • За граѓаните
    • За локалната самоуправа
  • Медиуми
    • Соопштенија
    • Пакомак во медиумите
  • Настани
  • Галерија
  • Закони
  • Pro Europe
  • Оператори
  • Клиенти
  • Контакт
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011

2018

информатор Бр.25
информатор Бр.26
информатор Бр.27


ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈЕКОЛОШКИ КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ

Во јуни Пакомак ги додели признанијата за најеколошко одговорни кафулиња и ресторани за 2018 година. Со најголеми количини рециклиран отпад, но и практики кои придонесуваат за заштитата на животната средина, оваа година 23 угостителски објекти се закитија со признанијата за најеколошки локали: La Тerrazza, Пелистер, СКОПСКИ МЕРАК, Дукат, ДОЈРАНА, Барбакан, Енрико, Форца, Русија, Синдикат, Фурна, Круг, Дион, Баду, Irish Pub St. Patrick, Јавна соба, Хотел Бистра Маврово, MKC club & restaurant, Play city cafe, Сидро, GNEZDO, XXL, MARTINI.

„Сметаме дека оваа акција на Пакомак е вредна секој угостителски објект да ѝ даде значение и да се приклучи. Нашиот напор е минимален, а придобивките многу големи и значајни за целата општествена заедница. Иднината на успешните угостители не е само во квалитетот на услугата што ја нудат, туку и во нивната одговорност кон зачувување на средината во која работат, одговорност кон општеството во кое живеат и заработуваат. Се надеваме дека ова е значаен чекор кон тоа да станеме земја со развиена еколошка свест и модерно управување со отпадот кој го создаваме” се сложија угостителите.

„Are You Recycling” е проект на Пакомак кој има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Со цел да им оддаде признание на најдобрите според количините на стакло кое го селектирале, Пакомак секоја година ги избра најдобрите екоугостителски објекти.

ПАКОМАК ГО ПОДДРЖА FMCG САМИТОТ

На 17 мај се одржа FMCG самитот, посветен на трговијата со производи за широка потрочувачка. Десет говорници, десет истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија, ги споделија своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании.

Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот? – беа некои од главните прашања кои се обработуваа, а Пакомак за сите учесници и посетители обезбеди еколошки торби како потсетник дека секој бизнис покрај својата основна дејност треба да се ориентира кон заштитата на животната средина.

ПОДДРШКА НА ИКАС МЕЃУНАРОДНИОТ КАЈАКАРСКИ НАТПРЕВАР

На големиот христијански празник Велигден, на патеката на Матка се одржа јубилејниот 50-ти кајакарски натпревар – ИКАС. Учествуваа повеќе од 70 натпреварувачи од 14 земји во светот, а Пакомак за сите судии на натпреварот донираше маички со натпис „Are you recycling” како потсетник за сите вљубеници во овој спорт да ги чуваат реките низ кои ги градат своите соништа и успеси.

ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР СО ПИВАРА СКОПЈЕ, ХОЛАНДСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА

На 26 април, во заедничка акција на Пакомак, Пивара Скопје, Холандската и Американската амбасада, вработените од овие компании и институции оргаанизирано го исчистија кејот на реката Вардар, односно делот кој се наоѓа зад Луна паркот. На акцијата присуствуваа и холандскиот амбасадор Воутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет и американскиот амбасадор Џес Бејли. Холандскиот амбасадор Пломп кажа дека е среќен што оваа акција, која почнала како мал настан, прераснала во голема еко акција во која се вклучиле и граѓаните, но и власта.

„Сите мора да се вклучат во ова и сите може да направиме во намалувањето на отпадот. Властите да обезбедат повеќе контејнери, повеќе можности за селектирање на отпадот и за негово собирање, граѓаните со бизнис заедницата треба да направат сè што можат да ја намалат колишината на отпад и да не фрлаат отпад секаде“, кажа Пломп.

МАГИОНИЧАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ХОКУС ПОКУС, РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е ВО ФОКУС” СЕ ОДРЖА ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Веќе познатата магионичарска претстава „Хокус Покус, рециклирањето е во фокус”, проект на Пакомак и магионичарот Кристиан создаден за едукација за рециклирањето и грижата за животната средина на децата од училишна возраст, беше одржана во повеќе скопски општини.

Во април овој “волшебен” карван ги посети дечињата од општините Бутел и Ѓорче Петров, а претставата беше изведена и на прославата на роденденот на Општина Аеродром.

Во мај пак, „Хокус Покус, рециклирањето е во фокус” ја гледаа децата од општините Центар и Карпош, а беше изведена и на Цветниот фестивал кој се одржа во Градскиот парк.

Во јуни претставата паузираше од посети на основни училишта поради летниот распуст, но беше изведена на одбележувањето по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, во организација на Град Скопје.

СПРОВЕДЕН ПРАШАЛНИК ЗА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕДУКАЦИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПРЕТСТАВАТА „ХОКУС ПОКУС, РЕЦИКЛИРАЊЕТО Е ВО ФОКУС” ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Во месецот април Пакомак спроведе маркетинг истражување за „Хокус Покус, рециклирањето е во фокус” во основните училишта „Јан Амос Коменски” и „Јохан Хајнрих Песталоци”, со цел утврдување на резултатот на оваа магионичарска претстава во однос на успешната едукација на најмалите за важноста на рециклирањето.

Прашалникот кој Пакомак го подготви го одговараа децата од I-V одделение во овие две основни училишта, и со задоволство можеме да кажеме дека резултатот е позитивен, иако има уште работа на едукацијата на полето на заштитата на животната средина. Затоа, „Хокус Покус, рециклирањето е во фокус” продолжува со посета на други општини и основни училишта од септември.

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА СТАРА ХАРТИЈА ВО СОРАБОТКА СО НУБ

По повод Светскиот ден на книгата, на 23 април Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со „Пакомак“, организираше акција за собирање стара хартија. Како што и стои во насловот на самата акција „Со стара хартија до нова книга“, посетителите што донесоа стара хартија имаа можност да ја заменат со нова книга од библиотеката. Беа собрани 1 м3 стара хартија.

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА СТАКЛЕН ОТПАД ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во текот на месецот мај, Пакомак во соработка со месните заедници на општина Центар во реонот Пролет, организираше собирање на стаклен отпад. Граѓаните секој работен ден од 10 до 14 часот имаа можност да го донесат својот стаклен отпад, а за секои 7 донесени тегли или стаклени шишиња добиваа подарок семе за цвеќе.

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СОРАБОТКА СО РОТАРИ КЛУБОТ

Во соработка со Ротари клубот од Скопје, Пакомак спроведе организирана акција за чистење на градскиот парк. Акцијата беше повеќе од успешна, а Пакомак најмладите учесници ги награди за трудот со магионичарска претстава во самиот парк.

ПАКОМАК ПРОДУЦИРАШЕ ЕКОБОЕНКА ВО СОРАБОТКА СО МАТИЦА МАКЕДОНСКА

Месецот мај беше навистина активен за Пакомак, па помеѓу сите други активности компанијата се вклучи и во продукцијата на еко-боенка за деца во соработка со издавачката куќа Матица Македонска. Преку оваа боенка децата од предучилишна возраст ќе имаат можност да се запознаат со основните поими и принципи на заштита на животната средина и селекција на отпадот. Илустрациите се на Јана Јаневска, а дистрибуцијата и активностите по градинките ќе бидат реализирани од септември 2018 година.

ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ БРОЈ НА ЕКОПРЕДВЕСНИКОТ

На почетокот на јуни излезе новиот број на екопредвесникот, информативно списание во кое фокусот на темите е екологијата. Во овој број покрај информативните содржини во форма на различни екосовети, искуства, интервјуа, можат да се прочитаат сите активности кои Пакомак ги изведе на многу локации низ државата, а граѓаните можат да ги пронајдат новостите и објавите кои се однесуваат на нивните општини.

ИНФОРМАТИВНИ РАДИО, ТВ РЕКЛАМИ И ЛЕТОЦИ ВО ОХРИД, СТРУГА, СТРУМИЦА И ДОЈРАН

Во текот на месецот јуни, во фокусот беа градовите Струмица, Охрид, Струга и Дојран. Пакомак во овие градови спроведе медиумска кампања за подигнување на свеста за селекција на отпадот преку видео спотови, радио реклами и летоци кои граѓаните ги добиваа заедно со сметките за комуналии, во кои можеа да прочитаат интересни и корисни информации за тоа како можат да придонесат за заштита на животната средина за нивната општина.

ПАКОМАК ГО ПОДДРЖА РАКОМЕТНИОТ КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ”

Во јуни Пакомак го посети ракометниот камп за млади „Кирил Лазаров”, каде нашата истоимена позната ракометна ѕвезда Кире Лазаров ги тренира новите надежи на македонското спортско небо. Пакомак го поддржува овој камп бидејќи верува дека спортскиот дух е подеднакво важен како и едукацијата за животната срредина за развојот на една млада личност, и овие две тематики споени можат да придонесат за создавањето на здрави и еколошки освестени генерации. Камперите имаа можност да се запознаат со принципите и важноста на селекција на отпадот, а самиот Кире Лазаров сними радио реклама во која ги повикува младите да рециклираат.

СЕ ОДРЖА ФЕСТИВАЛОТ „SOUND OF GREEN” 2018

Фестивалот е веќе добро познат помеѓу младата популација, па така оваа година „Sound of Green” ја израдува публиката со одличниот настап на светски познатиот бенд Inner Circle кој се одржа на 29 јуни на платото пред МКЦ. Повеќе од 2000 посетители имаа можност да се забавуваат на нивната музика, а традиционално влезницата за фестивалот ја добиваа во замена за пластично шише.

ПАКОМАК ДОНИРАШЕ ПЛУТЕНА БРАНА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД НА РЕКАТА ТРЕСКА

Во обид да се спречи сѐ поголемото загадување на реката Треска и на езерото Козјак, во почетокот на јуни во општината Македонски Брод се реализираше еколошкиот проект – поставување на плутена брана за собирање на отпад од ПЕТ амбалажи. Истата е поставена во коритото на реката Треска кај селото Латово и е со должина од околу 50 метри. Оваа плутена брана е донација на Пакомак, и е за првпат поставена на еден водотек во земјава. Плутената брана е монтирана на сајла, поставена е косо за да може амбалажата да се собира на браната, на едниот крај од коритото на реката. Пакомак се надева во блиска иднина овој проект да ги даде очекуваните резултати и поголемиот дел од амбалажата да биде собрана на оваа брана, што ќе придонесе за помало загадување на понатамошниот тек од реката и секако на езерото Козјак, кое во досегашниот период и, при повисок водостој, беше главното собиралиште на пластичниот отпад од регионот.

ПОДДРШКА НА НАСТАНОТ „TRASH FASHION” ВО СОРАБОТКА СО ОХО ПРОДУКЦИЈА

Пакомак во јуни поддржа уште едно издание на „Trash Fashion” натпреварот за средношколци во соработка со ОХО продукција. Во склоп на настанот беше доделена и награда за „Trash for Art” категоријата за костим комплетно направен од пластична амбалажа на средното училиште Илинден.

ПОСТАВЕНА Е УРБАНА ОПРЕМА ВО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ НА ВОДНО

На врвот на Водно, во близина на планинарскиот дом, Пакомак во месец јуни донираше и постави урбана опрема за одмор и рекреација на посетителите. Од дрвени клупи за пикник-излети до детски лулашки, сега авантуристите од сите генерации ќе имаат место за починка и забава. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со Пакомак им порача на граѓаните дека се надева дека совесно ќе се однесуваат кон поставената опрема, бидејќи истата е наменета за сите. Забавата и рекреацијата, посебно на планина убава како Водно, нека бидат во чекор со грижата за природната средина.

ПОСТАВЕНИ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

На врвот на Водно, во близина на планинарскиот дом, Пакомак во месец јуни донираше и постави урбана опрема за одмор и рекреација на посетителите. Од дрвени клупи за пикник-излети до детски лулашки, сега авантуристите од сите генерации ќе имаат место за починка и забава. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со Пакомак им порача на граѓаните дека се надева дека совесно ќе се однесуваат кон поставената опрема, бидејќи истата е наменета за сите. Забавата и рекреацијата, посебно на планина убава како Водно, нека бидат во чекор со грижата за природната средина.